Целта на курсот е да им овозможи на слушателите без претходно искуство во програмирањето да се запознаат со основните концепти на градење веб-страници. Слушателите ќе ја совладаат структурата на веб-документи преку HTML, основното визуелно обликување преку CSS, и темелните концепти на програмирањето преку JavaScript. Посебен акцент се става на методично изградување на основите, со многу практични примери.